Повеќе од 742.000 Украинци се без струја
- Украинското Министерство за енергетика соопшти дека повеќе од 742.000 луѓе во моментов немаат пристап до електрична енергија низ целата земја.

Киев, 8 март 2022 (МИА) – Украинското Министерство за енергетика соопшти дека повеќе од 742.000 луѓе во моментов немаат пристап до електрична енергија низ целата земја.
Ситуацијата е најтешка во регионот на Доњецк, каде што над 233.000 се „целосно исклучени“.
Министерството додаде дека повеќе од 238.000 Украинци се без гас.
Според соопштението, на неколку илјади корисници им е обновен пристапот до струја и гас во изминатите 24 часа, но „нападите предизвикаа нови оштетувања и прекини на електричната мрежа“. јт/