• понеделник, 23 декември 2024

Повеќе од 70 познати личности преку отворено писмо побараа од Путин третман за Навални

Повеќе од 70 познати личности преку отворено писмо побараа од Путин третман за Навални
Москва, 17 април 2021 (МИА) - Повеќе од 70 познати личности од целиот свет му напишаа отворено писмо на рускиот претседател Владимир Путин, барајќи да му обезбеди третман на опозиционерот Алексеј Навални, кој е во затвор во казнена колонија. Потсетувајќи на неговата болест, потписниците напишаа: „Како руски државјанин, Навални има законско право да биде прегледан и лекуван од лекар по негов избор“.
Нивниот повик беше објавен денеска во повеќе европски весници, вклучувајќи го и „Економист“ на англиски јазик.
Писмото го потпишаа авторката на Хари Потер, K.К. Роулинг, тројца добитници на Нобелова награда за литература, Херта Мулер, Луиз Глук и Светлана Алекијевиќ, членот на Аба, Бјорн Улвеус, британските актери Бенедикт Камбербач и Кристин Скот Томас, историчарите Нил Фергусон и Симон Шама...
Во писмото се наведува дека Навални е во критична состојба.
„Господине претседател, ве повикуваме веднаш да му пружите медицинска помош и нега што му е итно потребна на Алексеј Навални, во согласност со рускиот закон. Како некој што се заколнал да го почитува законот, сега само треба да го примените во пракса“.
Навални штрајкува со глад со денови, обидувајќи се да ги принуди затворските власти да му дозволат посета на лекар. Во моментов му се заканува принудна консумација на храна. паг/
   

Остани поврзан