• сабота, 23 ноември 2024

Повеќе од 4.000 луѓе минатата година побарале поништување на државјанството од БиХ

Повеќе од 4.000 луѓе минатата година побарале поништување на државјанството од БиХ
Сараево, 7 февруари 2020 (МИА) - Трендот на масовно откажување од државјанство на Босна и Херцеговина, што почна по завршувањето на војната, продолжи и во 2019 година, кога на таков чекор се одлучија над 4.000 луѓе. Според документ на Министерството за цивилни работи на БиХ во текот на минатата година 4.059 лица побарале испис од државјанство на БиХ. Додека најмногу обработени барања се во 2017 година кога о4.494 луѓе побарале да се откажат од државјанството на БиХ. Државјаните на БиХ кои се откажуваат од пасошот мора да платат 800 конвертибилни марки (околу 400) како и такса од 200 конвертибилни марки (околу 100 евра). Од 1995 година од државјанството на БиХ се откажале повеќе од 80.000 лица а на тој чекор се одлучија за трајно да го решат својот статус во државите во кои се иселија. ми/

Остани поврзан