• вторник, 24 декември 2024

Повеќе од 20.000 Палестинци се убиени во војната меѓу Израел и Хамас

Повеќе од 20.000 Палестинци се убиени во војната меѓу Израел и Хамас

Рафа, 22 декември 2023 (МИА) - Повеќе од 20.000 Палестинци се убиени во војната во Појасот Газа, соопштија денеска здравствените власти на оваа територија под контрола на Хамас. додека расте меѓународниот притисок врз израелското раководство да се намали бројот на цивилни жртви во офанзивата врз енклавата.

Бројот на загинати е речиси еден процент од предвоената популација и е само еден показател за уништувањето во 11-неделниот конфликт, од кој се раселени речиси 85 отсто од 2,3 милиони жители и се срамнети големи делови од малата крајбрежна енклава.

Министерството за здравство на Газа досега документирало 20.057 жртви од конфликтот, но не соопштува колку од нив се цивили.

Претходно беше објавено дека две третини од жртвите се жени и малолетници. 

Министерството наведува дека во офанзивата се ранети  53.320 Палестинци.

По ненадејниот напад на екстремистите на Хамас врз Израел, на 7 октомври, кој загинаа над 1.200 и беа киднапирани околу 240 лица, следниот ден израелското раководство објави војна против оваа милитантна група, која од 2007 година ја има власта во Газа. 

Во овој период на спроведување на воената операција, прво на северот, а сега и на југот од енклавата, Израел изврши илјадници воздушни напади и почна жестока копнена офанзива во обид да ги уништи воените капацитети на Хамас. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан