• четврток, 20 февруари 2025

Повеќе од 100.000 луѓе во Украина останаа без греење по руски напад

Повеќе од 100.000 луѓе во Украина останаа без греење по руски напад

Киев, 16 февруари 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека повеќе од 100.000 луѓе останале без греење во пристанишниот град Миколаев по напад на руско беспилотно летало врз енергетската инфраструктура.

„Оние кои сакаат да го вратат мирот и се подготвуваат за преговори не го прават тоа“, рече Зеленски, прецизирајќи дека тимовите на терен работат на обновување на греењето во Миколаев.

Зеленски ги повика сојузниците на Киев да реагираат силно и да работат заедно за да ја принудат Русија да склучи мир.

Украинскиот премиер Денис Шмигал изјави дека руски беспилотни летала ја оштетиле термоцентралата во Миколаев во текот на ноќта.

„Ова е направено намерно, за да се остават луѓето без греење на температури под нулата и да се предизвика хуманитарна катастрофа“, рече тој.

Регионалниот гувернер Виталиј Ким изјави дека нападот предизвикал пожар, кој пожарникарите брзо го ставиле под контрола. паг/

Фото: МИА архива


  

Остани поврзан