• четврток, 26 декември 2024

Повеќе од 100 луѓе се повредени по судирите меѓу израелската полиција и демонстрантите од Еритреја

Повеќе од 100 луѓе се повредени по судирите меѓу израелската полиција и демонстрантите од Еритреја

Тел Авив, 2 септември 2023 (МИА) - Повеќе од 100 луѓе се повредени во насилните судири во Тел Авив меѓу приврзаниците на еритрејската владата што го прославува Денот на Еритреја и противниците на претседателот Исаиас Афверки, објави Ројтерс, пренесе БТА.

Израелската полиција пукаше шок-бомби за да ги разбие судирите, додека некои демонстранти фрлаа камења кон полицијата и запалија корпи за отпадоци. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како поддржувачите на владата во Еритреја ги тепаат антивладините демонстранти со палки.

Израелските медицински претставници соопштија дека повеќе од 114 лица се повредени, меѓу кои и околу 30 полицајци. Насилството избувна околу настанот организиран од амбасадата на Еритреја по повод одбележувањето на Денот на револуцијата на 1 септември, по повод почетокот на војната за независност на Еритреја против Етиопија во 1961 година.

Исаија владее откако Еритреја стекна независност во 1993 година. Групите за човекови права ја осудуваат неговата влада како силно репресивна, а земјата е предмет на санкции од САД и ЕУ поради наводните злоупотреби.

-Во моментов, големи полициски и гранични сили продолжуваат да дејствуваат против прекршителите на законот во областа на Тел Авив, се вели во соопштението на израелската полиција. мс/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан