• сабота, 23 ноември 2024

Повеќе од половина милион деца во Појасот Газа ја примија првата доза од вакцината против детска парализа

Повеќе од половина милион деца во Појасот Газа ја примија првата доза од вакцината против детска парализа

Газа, 11 септември 2024 (МИА) - Повеќе од половина милион деца во Појасот Газа се вакцинирани против детска парализа. Министерството за здравство во Газа соопшти дека првата доза ја примиле 82,5 проценти од децата под 10 години.

Според податоците, 527.776 деца под 10 години ја примиле првата доза од вакцината во оваа палестинска енклава.

Министерството нагласи дека медицинските тимови продолжуваат со напорите да ја завршат вакцинацијата против детска парализа, и покрај континуираната агресија од Израел.

„И покрај големата опасност со која се соочуваат медицинските тимови, семејствата и понатаму доаѓаат во вакциналните центри за да ги вакцинираат своите деца“, соопшти Министерството.

Третата и последна фаза од вакцинацијата започна вчера во северниот дел на Газа, каде што се очекува да бидат вакцинирани околу 14.000 деца. Претходните две фази ја опфатија централна и јужна Газа.

Минатиот месец генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, побара седумдневно хуманитарно примирје за да се овозможи вакцинирање на 640.000 деца во Газа. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан