• понеделник, 23 декември 2024

Повеќе од една третина од возрасните во Србија пушат, една петтина од учениците пробале електронски цигари

Повеќе од една третина од возрасните во Србија пушат, една петтина од учениците пробале електронски цигари

Белград, 30 мај 2024 (МИА) - Повеќе од една третина од возрасните во Србија пушат повремено или секојдневно, додека една петтина од учениците на возраст од 11, 13 и 15 години пробале електронски цигари, според Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ во пресрет на Светскиот ден без тутун.

Тие предупредуваат дека 43 отсто од вработените на работното место се изложени на чад од цигари.

-Во Србија најмалку 15.000 луѓе годишно умираат од употреба на тутун, наведува „Батут“ .

„Батут“ појаснува дека податоците од „Истражувањето за здравственото однесување на децата на училишна возраст во Србија во 2022 година“ укажуваат дека 19,7 отсто пробале електронски цигари, додека, употребата на електронски цигари и снус се зголемува со возраста. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан