• сабота, 24 август 2024

Повеќе населби во Делчево без електрична енергија

Повеќе населби во Делчево без електрична енергија

Делчево, 16 септември 2023 (МИА) - Поголем дел од градот Делчево околу еден час е без електрична енергија. Без електрично напојување се дел од населбата Милково Брдо, Булевар Македонија и населба Ново Делчево.

Според информациите на дежурните служби, се работи за дефект на една од трафостаниците во градот. 

Делчево во текот на попладнето беше зафатено од пороен дожд со слаби грмежи. Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози, а поради дождот, надлежните предупредуваат за можна појава на одрони на магистралата А3. вс/цр

Фото:МИА архива

 

Остани поврзан