• вторник, 24 декември 2024

Повеќето украински бегалци кои пристигнаа во Белгија останаа во земјата

Повеќето украински бегалци кои пристигнаа во Белгија останаа во земјата

Брисел, 23 февруари 2023 (МИА) - Деведесет отсто од украинските бегалци кои пристигнале во Белгија останале во земјата, според бројките цитирани во локалните медиуми една година по почетокот на војната во Украина.

Забележано е дека 63 илјади Украинци се засолнети во Белгија, а дневно пристигнуваат меѓу 50 и 100 нивни сонародници. Украинците добиваат од белгиските социјални служби околу 1.000 евра месечно за основни трошоци.

Белгија беше меѓу првите земји што обезбеди воена помош за Украина. Обезбедената белгиска воена и хуманитарна помош е еднаква на 0,5 отсто од националниот бруто домашен производ, неодамна прецизираа локалните власти.

Медиумите забележуваат дека белгискиот бизнис се уште не е повлечен од Русија. Се објаснува дека некои од компаниите одлучиле да не заминуваат, некои го чекаат развојот на војната, а други се уште не успеале да ги затворат своите активности во земјата. Вкупно, во Русија има околу 240 белгиски компании, а од почетокот на војната нивниот број не е значително променет, додаваат медиумите. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан