Повеќенаменското игралиште во село Нова Маала готово до крајот на овој месец
- Во селото Нова Маала Општина Василево ја привршува изградбата на повеќенаменското игралиште и се очекува да биде завршено до крајот на овој месец. Како што информираат од локалната самоуправ

Струмица, 23 август 2021 (МИА) - Во селото Нова Маала Општина Василево ја привршува изградбата на повеќенаменското игралиште и се очекува да биде завршено до крајот на овој месец.
Како што информираат од локалната самоуправа игралиштето ќе биде оградено, опремено со кошеви и голови и осветлено.
За изградба на ова игралиште се потрошени околу три милиони денари и истите се целосно обезбедени од општинската каса.
Според најавите од Општината игралиштето треба да биде предадено во употреба до крајот на овој месец. рт/аа/