• вторник, 24 декември 2024

Поведени постапки за прекршување на полицискиот час во Скопје

Поведени постапки за прекршување на полицискиот час во Скопје
Скопје, 5 април 2021 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица поради непочитување на полицискиот час. Лицата биле затекнати надвор од своите домови, на различни локации во градот, за време на важечката забрана за движење од 22 до 05 часот, воспоставена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот. На овој начин тие го сториле кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ според член 206 став 1 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител за сите обвинети предложи парична казна од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​ мч/ац/

Остани поврзан