• понеделник, 23 декември 2024

Поведена постапка заради трговија со дрога

Поведена постапка заради трговија со дрога
Скопје, 2 ноември 2020 (МИА) - Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против државјанин на Република Албанија поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање  во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, соопштија од ОЈО Струга. - При претрес извршен на 30.10.2020 година, во близина на магистралниот пат, во правец од Ќафасан кон Струга, кај м.в. Василев дол, во торбица кај осомничениот биле пронајдени 14.875,05 грама наркотична дрога – марихуана, која тој ја држел неовластено заради продажба, информираат од струшото обвинителство. Јавниот обвинител по донесување на наредбата за спроведување на истражна постапка, до Основниот суд Струга достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судот со решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена. оџ/ац/    

Остани поврзан