• петок, 22 ноември 2024

Поведена истрага против 20-годишен битолчанец за препродажба на марихуана

Поведена истрага против 20-годишен битолчанец за препродажба на марихуана
Скопје, 6 јуни 2022 (МИА) - Основното јавно обвинителство - Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишен битолчанец, осомничен дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, како што соопшти Јавното обвинителство, набавил марихуана од лице од Кичево за износ од 10.000 денари, па на 2 јуни ја нудел на продажба на две лица од Битола. Притоа, полициски службеници ги затекнале во визба од зграда на улицата „Кочо Рацин“ и кај осомниченото лице пронашле 116,5 грама марихуана и две дигитални ваги. Надлежниот јавен обвинител оцени дека во конкретниот случај постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да го повтори делото, па до судијата на претходна постапка од Основен суд Битола достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, информираат од Јавното обвинителство. рп/сп/​​

Остани поврзан