• среда, 28 август 2024

Победничка вечер за Манчестер сити и Реал Мадрид во Лигата на шампиони

Победничка вечер за Манчестер сити и Реал Мадрид во Лигата на шампиони
Скопје, 24 февруари 2021 (МИА) – Манчестер сити ја продолжи победничката серија со триумфот вечерва на неутрален терен над Борусија Менхенгладбах со 2:0 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони, додека Реал Мадрид со играч повеќе во финишот стигна до победа од 1:0 над Аталанта во Бергамо.  На стадионот „Пушкаш“ во Будимпешта, екипата на Пеп Гвардиола стигна до својата 19-та последователна победа во сите натпреварувања, откако Бернардо Силва беше прецизен во 29. минута, додека Габриел Жезус во 65. минута го постави конечниот резултат.  Актуелниот шпански првак Реал го одигра речиси целиот натпревар на гостувањето кај Аталанта со играч повеќе по директниот црвен картон што во 17-та минута му беше покажан на швајцарскиот репрезентативец Ремо Фројлер.  Италијанскиот тим долго одолеваше на нападите на Реал, но одбраната на Аталанта потклекна во 86. минута кога Фернанд Менди му донесе предност на „кралскиот клуб“ пред реванш натпреварот на 16 март. ег/зс/

Тагови

Остани поврзан