Победа на Бутел на гостувањето во Радовиш
- Последниот натпревар од 2.коло од ракометната Супер лигата се одигра вечерва, а првата победа ја остварија ракометарите на Бутел
Радовиш, 17.септември 2025 (МИА) – Последниот натпревар од 2.коло од ракометната Супер лигата се одигра вечерва, а првата победа ја остварија ракометарите на Бутел. Гостите славеа победа со 31:24.
Домаќинот тимот на Радовиш во првиот дел му создаде проблеми на фаворитот, но избраниците на тренерот Горан Кузманоски сепак во вториот дел стигнаа до победата.
Натпреварот се играше подоцна од редовниот термин поради обврските на „бутелчани“ во ЕХФ Европскиот куп.
На чело на табелата се Вардар и Еурофарм Пелистер со максимални 4 бодови. мн/
Фото: Фејсбук РК Бутел