• петок, 05 декември 2025

Победа за Ѓорческа на стартот од турнирот во Куршумлијска Бања

Победа за Ѓорческа на стартот од турнирот во Куршумлијска Бања

Куршумлијска Бања, 17.септември 2025 (МИА) - Македонската тенисерка Лина Ѓорческа „тргна“ со победа на W75 турнирот во Куршумлијска Бања. Таа ја совлада Ели Шоп од САД со 2:0 во сетови (6:4; 7:6(2) во меч што траеше 2 часа и 15 минути. 

Денешниот меч со квалификантката Шоп беше изедначен во двата сета. По шест одиграни гема резултатот беше 3:3, а единствениот брејк Ѓорческа го направи во седмиот гем и поведе со 4:3 за сетот да го заврши со 6:4 искористувајќи ја четвртата сет топка. Во вториот сет ривалката направи брејк за водство од 2:0, но македонската тенисерка веднаш го врати загубениот гем на сервис и изедначи на 2:2. Нерешено беше до крајот на сетот, па победничката беше одлучена во тај брејкот. Ѓорческа имаше целосна контрола над гемот и поведе со 6:1 што и донесе нова победа.

Во второто коло македонската тенисерка ќе игра против Анастасија Золотарева.    мн/

Фото: МТФ

Остани поврзан