• петок, 26 јули 2024

Победата на македонската репрезентација над Полска е најголемото изненадување во февруарскиот ФИБА „прозорец“

Победата на македонската репрезентација над Полска е најголемото изненадување во февруарскиот ФИБА „прозорец“

Миес, 28 февруари 2024 (МИА) - Победата на македонската кошаркарска репрезентација на гостувањето во Полска е најголемото изненадување во февруарскиот квалификациски прозорец за Евробаскет 2025 година, објави ФИБА.

Македонците во понеделникот во Сосновиец ја совладаа за 44 места подобро пласирана на ФИБА рејтинг листата Полска со 96:71. 

Македонската репрезентација е 59. На ФИБА ранг-листата, Полска е 15-та и ова е најголемата „разлика“ која ја направила една национална селекција на почетокот на новиот квалификациски циклус за ЕП. 

Покрај нашата победа, ФИБА за изненадувања на првиот квалификациски „прозорец“ ги прогласи и победите на Бугарија против актуелниот светски шампион, Германија (67:62), па онаа на Белгија, против репрезентацијата на Шпанија (58:53), Данска против Грузија (76:69), и Естонија на свој терен против Литванија (65:59). зс/

Фото: КФСМ

Остани поврзан