• сабота, 21 февруари 2026

ПМФЛ: Работнички конечно победи

ПМФЛ: Работнички конечно победи

 

Струмица, 20 февруари 2026 (МИА) – Во воведниот натпревар од 19 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Работнички попладнево триумфираше на гостувањето во Струмица против АП Брера со 4-3 со што ја прекина серијата од 13 прволигашки натпревари без победа.

Работнички до својот втор триумф оваа сезона дојде со головите на Езеб (5, 33), Мухарем (51) и Манојлов (52), додека стрелци за домашниот тим беа Тодоров (18, 72) и Велков (90+4).

Со триумфот, Работнички дојде до десеттиот бод сезонава, останувајќи на претпоследното место на табелата, додека АП Брера е шестопласирана со 23 бодови.

Во рамки на 19 прволигашко коло, утре на програмата се дуелите меѓу Вардар – Башкими и Пелистер – Струга, додека в недела ќе играат Силекс – Шкендија и Шкупи – Арсими.

Завршниот натпревар од ова коло е закажан за в понеделник, кога Македонија ЃП го пречекува Тиквеш. ег

ФОТО: ФФМ

Остани поврзан