• сабота, 23 ноември 2024

Пленковиќ ке го објави составот на кабинетот по добивањето мандат

Пленковиќ ке го објави составот на кабинетот по добивањето мандат
Загреб, 16 јули 2020 (МИА) - Актуелниот и иден премиер Андреј Пленковиќ на денешната владина седница не го објави новиот состав на кабинетот, но ќе го стори тоа по средбата со претседателот Зоран Милановиќ, кој треба да му даде мандат за составот на новата влада. Како што беше претходно најавено, Милановиќ и Пленковиќ треба да се сретнат околу пладне, кога старо-новиот премиер и лидер на ХДЗ ќе му ги достави на претседателот потписите на 76 членови на парламентарното мнозинство. Како што пренесуваат хрватските медиуми, конститутивната седница на парламентот треба да се одржи кон средината на следната недела, откако последната седница на Владата ќе се одржи во вторник. - Денеска е денот кога ќе бидат објавени резултатите од изборите и откако ДИК ќе ги објави, ќе ги доставам потписите на мнозинството до претседателот Милановиќ за да добијам мандат, изјави Пленковиќ по седницата на Владата. паг/  

Остани поврзан