• сабота, 23 ноември 2024

Пленковиќ: Бројот на новозаразени се уште голем, да го одложиме дружењето

Пленковиќ: Бројот на новозаразени се уште голем, да го одложиме дружењето

Загреб, 17 декември 2020 (МИА) - Бројот на новозаразени и смртни случаи од коронавирусот во Хрватска е се уште многу голем, но охрабрува фактот дека во последните седум дена има 6,5 проценти помалку заразени, изјави денеска премиерот Андреј Пленковиќ.

Пленковиќ за утре најави пакет нови мерки за спречување на ширење на вирусот и предупреди дека ниту една мерка не може да биде успешна без соработка на сите граѓани.

- Да го одложиме дружењето за неколку недели и покрај празниците. Вирусот не е она што би сакале да им го дадеме на нашите најблиски, рече премиерот на отворениот дел од владината седница.

Тој процени дека мерките треба да се олеснат за шест месеци додека не пристигне вакцината и додека не се вакцинира поголемиот дел од популацијата. паг/

Остани поврзан