• четврток, 05 декември 2024

Пленарно предавање по повод доделувањето на Нобеловата награда за економија за 2024 година

Пленарно предавање по повод доделувањето на Нобеловата награда за економија за 2024 година

Скопје, 4 декември 2024 (МИА) - На Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, денеска ќе се одржи настан посветен на доделувањето на Нобеловата награда за економија за 2024 година.

Настанот, кој е во организација на Катедрата за Економија, е посветен на доделувањето на Нобеловата награда од областа на економските науки за 2024 година на тројцата економисти: Дарон Аџемоглу и Сајмон Џонсон од Институтот за технологија на Масачусетс и Џејмс А. Робинсон од Универзитетот во Чикаго, во Соединетите Американски Држави.

На настанот ќе говорат деканот на Економски факултет – Скопје, проф. д-р Предраг Трпески и раководителката на Катедрата за Економија, проф. д-р Даниела Бојаџиева.

За значењето на нобеловата награда за економија и за придонесот на овогодинешните лауреати, како што информираат од Економскиот факултет при УКИМ,  ќе говорат академик Таки Фити, проф. д-р Владимир Филиповски, проф. д-р Љубомир Кекеновски и асист. м-р Ѓунтер Мерџан. дма/мд/

Фото:МИА архива

Остани поврзан