• сабота, 23 ноември 2024

Платини предложи да се намали бројот на играчи на теренот на фудбалските натпревари

Платини предложи да се намали бројот на играчи на теренот на фудбалските натпревари

Париз, 20 септември 2024 (МИА) - Поранешниот претседател на УЕФА и трикратен добитник на „Златната топка“ Мишел Платини предложи да се намали бројот на играчи на теренот за да се зголеми забавната вредност на фудбалските натпревари.

- Можеби треба да повлечеме еден човек и да играме со 10 играчи на теренот. Во 1900 година беа формирани тимови од 11, но во тоа време тие трчаа помалку отколку денес. Тие беа помалку силни, беа побавни. Затоа, можеби би било добра идеја да се ограничи бројот на играчи. Ова ќе ослободи простор на теренот, изјави Платини за „RMC Sport“.

Поранешниот играч за врска на француската репрезентација исто така истакна дека во негово време фудбалот изгледал сосема поинаку.

- Луѓето од мојата генерација повеќе не гледаат фудбал затоа што не се гледаат себеси во играта. Денес се прават повеќе додавања се игра со посед и многу комбинирање. Јас не критикувам. Но, луѓето од мојата генерација, кои се навикнати на напаѓачки фудбал, не гледаат ништо познато во тоа, додаде поранешниот фудбалер.

Платини беше претседател на УЕФА од 2007 до 2015 година. Играше за Нанси, Сент Етјен и Јувентус, а исто така одигра 72 натпревари за Франција и постигна 41 гол. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан