• среда, 25 декември 2024

Планинар починал на Пелистер

Планинар починал на Пелистер

Скопје, 19 ноември 2023 (МИА) - Планинар починал во близина на месноста „Ловечка куќа“ на планината Пелистер. Според првичните сознанија, како што информира Центарот за управување со кризи, се работи за повозрасно лице од Скопје со иницијали А.С. 

Од Центарот за управување со кризи информираат дека е известена Дирекцијата за заштита и спасување од Битола која има тим за интервенции во планински услови за телото на починатиот да се транспортира до локација каде може да дојде возило на Итна медицинска помош бидејќи планинарот е најден на околу 2.000 метри надморска височина.

За подобра координација, од ЦУК е направен контакт меѓу дежурните лица во СВР Битола и ДЗС Битола. Екипа на МВР треба да изврши увид. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан