• сабота, 17 август 2024

Планинарска опрема се презентира во Кавадарци 

Планинарска опрема се презентира во Кавадарци 

Кавадарци, 16 август 2024 (МИА) - Планинарска опрема се презентира вечерва на градскиот плоштад  во Кавадарци, од страна на планинарското друштво „Орле“ што постои 63 години. Настанот е во рамките на Кавадаречко културно лето. Посетителите можат да ја  погледнат опремата од многубројните планинарски акции и доживувања во земјава и странство. 

-Настанот привлече големо внимание кај присутните од сите возрасти. На ваков начин го промовираме планинарството како здрав начин на живот и ја зголемуваме свеста за значењето на планинарењето, рече за МИА, претседателот на друштвото, Никола Минчоров. 

Тој информираше дека во „Орле“ во моментов членуваат  возрасни и  млади планинари од двата пола. 

Минчоров се осврна и на планинарските домови со кои располагаат како и на стазите кои им се маркирани, за полесна ориентација на љубителите на природата.  свд/вј/

Фото: МИА 

Остани поврзан