ПК Љуботен организира искачување до врвот Љуботен, задолжително пријавување до петок
- Планинарскиот клуб Љуботен од Тетово за викендов го организира традиционалното искачување на врвот Љуботен на Шар Планина на 2498 метри надморска височина. Предвидени се два дена активности,
Тетово, 13 октомври 2022 (МИА) - Планинарскиот клуб Љуботен од Тетово за викендов го организира традиционалното искачување на врвот Љуботен на Шар Планина на 2498 метри надморска височина. Предвидени се два дена активности, па од клубот апелираат заинтересираните до петок до 19 часот да се пријават за учеството на турата.
-Согласно препораките на Федерацијата на Планинарски Спортови на Македонија за „Организација на планинарски акции“ со цел да се одржи високо ниво на безбедност и организираност, сите заинтересирани се должни, формално да се пријават со изјава за пријавување со што би стекнале статус на учесник во организирана активност, информираат од ПК Љуботен.
Активностите започнуваат во сабота 15 октомври од 17 часот.
-Се тргнува од Старо село до планинарскиот дом Љуботен каде е предвидено сместување и преноќување. Тргнувањето кон врвот е предвидено за во недела 16 октомври од 08.30 часот, а очекуваното пристигнување е околу 10.30 часот. Враќањето кон планинарскиот дом се предвидува за пладне и завршното пешачење до Старо село и враќање кон Тетово околу 16 часот, информираат од клубот.
Исхраната за турата е во сопствена режија, индивидуално, предвидена за планинарска тура до 8 часа. За искачувањето потребна е соодветна планинарска опрема. Секој од учесниците треба да биде во добра здравствена и психофизичка кондиција.ас/бт/