• недела, 22 декември 2024

Питомците од воениот кампус во Пепелиште и годинава ќе донираат во Дневниот центар ,,Порака" Неготино 

Питомците од воениот кампус во Пепелиште и годинава ќе донираат во Дневниот центар ,,Порака

Неготино, 21 јуни 2023 (МИА) - Питомците од воениот летен кампус кој деновиве се одржува во Центар за обука Пепелиште и годинава ќе донираат во Дневниот центар ,,Порака" Неготино. Се работи за центар за помош на лица со попреченост.

- Истовремено, питомците и лицата што добиваат поддршка во рамките на ,,Порака",  ќе поминат заеднички моменти во најразлични активности, играње игри и дружење, рече денеска Верица Ташева, раководител во ,,Порака". 

Ташева нагласи дека соработката трае веќе неколку години, а годинешнава средба ќе се одржи следната среда. 

Минатата година донацијата се состоеше од 150 војнички маренди и собрани пластични шишиња за рециклажа. Тогаш на кампусот  учествуваа питомци од воените академии на 16 држави, годинава од 14 држави. 

Питомците вообичаено во Пепелиште се две седмици, работат тимски, разменуваат искуства и стекнуваат нови пријателства. Истовремено ја запознаваат локалната култура и даваат придонес во локалната заедница. Традиција е, на армијата и на летниот кампус, за време на теренски активности, секогаш да се помага на заедницата.  Покрај во воено вежбовни, да учествуваат и во хуманитарни активности. 

Од ,,Порака" изразија задоволство од соработката и дружењето со питомците кое е традиција години наназад.  свд/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан