• сабота, 28 декември 2024

Писториус: 100 милијарди евра не се доволни за покривање на потребите на германската војска

Писториус: 100 милијарди евра не се доволни за покривање на потребите на германската војска

Берлин, 27 јануари 2023 (МИА) - Специјалниот одбранбен фонд од 100 милијарди евра веќе не е доволен за покривање на потребите на германските одбранбени сили, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

Во интервју за „Зидојче цајтунг“ објавено денеска, тој рече дека и Германија ќе мора да ги зголеми годишните редовни трошоци за одбрана од сегашното ниво, кое изнесува околу 50 милијарди евра.

Германија, исто така, треба да ги надополни залихите на воен хардвер, вклучително и замена за 14 тенкови Леопард што Берлин се согласи да ги испрати во Киев за да и помогне на Украина во војната против Русија.

Писториус вели дека одлуката на Германија да ја суспендира задолжителната воена служба во 2011 година била грешка, велејќи дека се двоуми дали да ја врати, но и дека е отворен за разговори за нов модел за зајакнување на односите меѓу граѓаните и државата.

Тој додава дека Германија нема да испраќа борбени авиони во Украина, откако Берлин одобри испорака на тенкови „Леопард 2“.

- Авионите-ловци се многу посложени системи од главните борбени тенкови и имаат сосема различен дострел и огнена моќ, појасни Писториус.

 

Остани поврзан