Писториус предупреди за опасностите од руското повторно вооружување
- Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска во говор пред литванскиот Парламент предупреди за опасностите од руското повторно вооружување.

Вилнус, 26 септември 2024 (МИА) - Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска во говор пред литванскиот Парламент предупреди за опасностите од руското повторно вооружување.
- Сведоци сме како Русија забрзано го зголемува производството на оружје и драматично ги зголемува своите вооружени сили. Сето ова не остава сомнеж: за Русија, за Русија на [рускиот претседател Владимир] Путин, Украина е само почеток, рече овој социјалдемократски политичар во главниот град на Литванија, Вилнус.
Тој, исто така, увери: „Германските вооружени сили се подготвени да станат централен столб на конвенционалното одвраќање и одбрана во Европа“.
Во овој контекст, тој ја истакна улогата на центарот за брз трансфер на војници од Атлантикот на источното крило на НАТО. рп/
Фото: МИА архива