• четврток, 29 август 2024

Пирло: Игуаин ќе го напушти Јувентус

Пирло: Игуаин ќе го напушти Јувентус
Торино, 25 август 2020 (МИА) – Новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло изјави дека напаѓачот Гонзало Игуаин ќе го напушти клубот, пренесува „Football Italia“. - Имав разговор со Гонзало. Да бидам искрен, овој фудбалер заслужува почит за годините што ги поминал во Торино. Заедно решивме дека понатаму ќе имаме различни патеки. Што има со Кедира? Додека тој е повреден, ние ќе продолжиме да го посматраме, рече Пирло. Минатата сезона, 32-годишниот Игуаин одигра 32 натпревари во Серија А, во кои постигна осум голови и направи четири асистенции. зс/

Остани поврзан