• петок, 05 декември 2025

„Пиреj” на Петре М. Андреевски номиниран за литературната награда „Јаснаја Полјана“

„Пиреj” на Петре М. Андреевски номиниран за литературната награда „Јаснаја Полјана“

Скопје, 25 јуни 2025 (МИА) – Романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски преведен на руски јазик од Олга Панкина е вброен во листата за номинацијата „Пропуштени ремек-дела“ објавена од коосновачите на Меѓународната Толстоева книжевна награда „Јаснаја Полјана“ – Музеј „Лав Толстој” и Самсунг Електроникс.

-Во 2025 година, жирито за наградата кое се состои од познати руски писатели, литературни критичари и јавни личности на чело со Владимир Толстој, правнукот на Лав Толстој, се реши за потесен избор од осум наслови од автори од Албанија, Британија, Македонија, Колумбија, САД и Чиле, известува преведувачката Панкина.

Покрај  Андреевски со „Пиреј“, на листата номинирани за наградата „Јаснаја Полјана“ се уште седум автори: Антонија Сјузен Бајет за романот „Девојка во градината“, Џон Барт – „Трговец со отров“, Роберто Болано – „2666“, Габриел Гарсија Маркес – „Ќе се видиме во август“,  Исмаил Кадаре – „Генерал на мртвата армија“,  Хилари Мантел – „Срце на бура“ и Сју Таунсенд – „Жената што легна во кревет за една година“.

Името на лауреатот ќе биде објавено во октомври на свечена церемонија на доделувањето на наградата „Јаснаја Полјана“. хс/ев/

Фото: Плакат
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан