• петок, 30 јануари 2026

ПИОМ: Усвоени Предлог- програмата и Планот за работа на УО за 2026 година и Предлог Извештајот за работата на Фондот во 2025 година

ПИОМ: Усвоени Предлог- програмата и Планот за работа на УО за 2026 година и Предлог Извештајот за работата на Фондот во 2025 година

Скопје, 29 јануари 2026 (МИА) - Управниот одбор на Фондот на ПИОМ на дваесет и деветтата седница  разгледал и усвоил повеќе документи од негова надлежност - Предлог-програмата и Планот за работа на Одборот за 2026 година и Предлог Извештајот за работата на Фондот во 2025 година

Како што соопштуваат од ПИОМ, директорот на Фондот, Никола Мемов го информирал Одборот за активностите во изминатиот период, при што нагласил дека е остварена средба со Мисијата на Светска банка во врска со СИАП проектот, на која согласно договореното во Фондот е екипирано Одделението за долгорочно планирање. Мемов најавил дека во наредниот период  ќе бидат направени подлабоки анализи и предвидувања за финансиските потреби на Фондот.

Членовите на Управниот одбор ги усвоиле Предлог - Програмата и Планот за работа на Одборот во 2026 година. 

На предлог на Станка Трајкова, член на Одборот било усвоено Планот да се дополни со изготвување на Информација за остварувањетео на правото на пензија по воведувањето на задолжителното капитално финансиско осигурување.

Усвоен бил и Предлог - Извештајот за работата на Фондот во 2025 година.

-Директорката на Секторот за финансии во Фондот, Фатиме Неџипи нагласи дека во Извештајот се опфатени сите финансиски активности во изминатата година, со што може да се добие целосна слика за финансиското работење на Фондот. Директорката на Секторот за остварување на правата, Билјана Стојанова ги презентираше активностите и деталите во доменот на остварувањето на правата, при што нагласи дека покрај редовните активности  во изминатата година е озвоможена нова опција за следење на М1/М2 пријавите од АВРМ, а се одржани и повеќе обуки за нововработените лица, наведуваат од ПИОМ.

Управниот одбор на Фондот ја усвоил и Предлог – Одлуката  за донесување на Годишниот план за јавни набавки на Фондот за 2026 година.

-На седницата членовите на Управниот одбор  беа информирани и за спроведените јавни набавки во минатата година, а беше донесена и Одлука за висината на благајничкиот максимум на Фондот за оваа година, стои во соопштението. вг/

Фото: ПИОМ

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан