• сабота, 23 ноември 2024

Пингпонгарите на Младост 96 и Крива Паланка 2007 во битка за титулата

Пингпонгарите на Младост 96 и Крива Паланка 2007 во битка за титулата
Скопје, 23 мај 2022 (МИА) – Екипите на ППК Младост 96 и ППК Крива Паланка 2007 се пласираа во финалето од разигрувањето за титулата во Првата македонска пингопонгарска лига, откако беа поуспешни во полуфиналните бараж пресметки против ППК Шампион Фа и ППК Телеком Нец 2. Пингпонгарите на прилепски Младост 96 обезбедија пласман во финалето со триумф од 2-0 над Шампион Фа, откако во саботата на домашен терен триумфираа со 4-1, а без поуспешни од противникот и во реваншот во неделата во Штип со 4-0. Противник на Младост 96 во дуелот за титулата ќе биде екипата од Крива Паланка, која со идентични 2-0 славеше во полуфиналето над Телеком Нец 2. Изминатиот викенд донесе разврска и во бараж пресметките за влез во Супер лигата, а нови прволигаши се пингпонгарите на ППК Работнички, по триумфот од 4-2 над ППК Телеком Нец, како и екипата на ППК Кочани, која беше поуспешна од ППК Радови со 2-1. ег/оџ/

Остани поврзан