• сабота, 23 ноември 2024

Пикфорд останува во Евертон до лето 2027

Пикфорд останува во Евертон до лето 2027

Ливерпул, 24 февруари 2023 (МИА) – Голманот на Евертон и англиски репрезентативец Џордан Пикфорд (28) потпиша денеска нов договор со клубот од Ливерпул во чии редови ќе остане до лето 2027 година.

„Потпишувањето на овој договор со клубот кој за мене е толку посебен е голема работа. Поддршката која ја имав од сите во клубот по моето доаѓање на 22-годишна возраст беше многу важна за мене и моето семејство. Среќен сум тука, а среќно е и моето семејство“, изјави Пикфорд за клупскиот сајт на Евертон.

На клубот од Ливерпул до крајот на сезоната му претстои борба за опстанок во Премиер лигата, но Пикфорд изрази очекување дека пред Евертон е „светла иднина“.

„Евертон е огромен клуб. Изминатите неколку сезони за нас не беа какви што посакувавме, но сега имаме нов тренер за кого верувам дека ќе успее да нè насочи кон вистинскиот правец и ќе нè крене на табелата. Дефинитивно мојата цел е да бидам успешен во овој клуб“, порача Пикфорд, кој во минатото беше дел од Сандерленд, Дарлингтон, Олфретон Таун, Бартон Албион, Карлајл, Бредфорд и Престон. ег/паг/

Остани поврзан