• сабота, 23 ноември 2024

Пејчиновиќ Буриќ: Руските напади против Украина се неприфатливи, намерното таргетирање цивили е еднакво на воено злосторство

Пејчиновиќ Буриќ: Руските напади против Украина се неприфатливи, намерното таргетирање цивили е еднакво на воено злосторство

Брисел, 2 јануари 2023 (МИА) - Генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, го осуди масовниот воздушен напад на Русија врз Украина, извршен утринава.

„Руските безмилосни напади против Украина се неприфатливи. Намерното таргетирање цивили или цивилни објекти е еднакво на воено злосторство и сериозно кршење на меѓународното право“, напиша Буриќ на мрежата Икс.

Украинските сили претходно денеска ги пресретнаа сите беспилотни летала „Шахед“, над 60 крстаречки ракети и 10 хиперсонични ракети „Кама“ над Киев.

Украинскиот премиер Денис Шмигал истакна дека денеска Русија го изврши најголемиот терористички напад врз цивилната инфраструктура на Украина. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан