Пејачот на Рамштајн, Линдеман, е негативен на новиот коронавирус
- Фронтменот на германската група Рaмштајн (Rammstein), Тил Линдеман, не е заразен со новиот коронавирус, соопшти синоќа бендот на Фејсбук

Берлин, 28 март 2020 (МИА) - Фронтменот на германската група Рaмштајн (Rammstein), Тил Линдеман, не е заразен со новиот коронавирус, соопшти синоќа бендот на Фејсбук.
Германскиот дневен весник Билд вчера објави дека Линдеман е заразен со Ковид-19.
Но, според бендот, Линдеман вчера по совет од лекарите бил хоспитализиран.
- Тој ја помина ноќта на интензивна нега, но е отпуштен оттаму откако се почувствува подобро. Тил е тестиран на коронавирусот и резултатите се негативни, соопшти Рамштајн. ми/