• среда, 25 декември 2024

Пештера во САД продадена на аукција за два милиона долари

Пештера во САД продадена на аукција за два милиона долари
Сент Луис, 20 септември 2021 (МИА) - Познатата „Пештера на цртежи“ во Сент Луис, САД, украсена со илјадници години стари карпести слики на ѕидовите, е продадена на наддавање. Од 1953 година, пештерата и околината се во сопственост на семејство од Сент Луис, кое го користеше како ловиште. Купувачот, кој претпочита да остане анонимен, ја купи пештерата и околното земјиште за 2,2 милиони долари. За домородниот народ Ниуконска, ова е свето место. Антропологот Керол Дијаз-Гранадез, инаку познавач на ова место, исто така се противеше на наддавањето. - Продажбата на ова место свето за Домородните Американци испраќа погрешна порака. Тоа е како да ја продавате Сикстинската капела на аукција, вели истражувачот. Претставниците на племето, кои дознаа за продажбата, лани се обидоа да ја купат пештерата директно од сопствениците, но за жал понудија мала сума.  си/

Остани поврзан