• вторник, 24 декември 2024

Пешев: Она што беше ветено пред изборите од партиите кои ќе формираат влада очекуваме да го испорачаат во пракса за реалниот сектор

Пешев: Она што беше ветено пред изборите од партиите кои ќе формираат влада очекуваме да го испорачаат во пракса за реалниот сектор

Штип, 28 мај 2024 (МИА) - Очекуваме во делот на даночната политика да не се променат и ако не се олеснува даночната политика барем да остане на нивото на коешто сме сега, изјави денеска извшниот директорот на Стопанска комора на Република Северна Македонија, Антони Пешев во Штип, кој одговараше на новинарско прашање за тоа што очекува бизнис секторот во првите 100 дена влада. Тој додаде дека очекува да се променат и други работи кои му сметаат на реалниот сектор.

-Тоа е воведувањето на некакви вештачки лимити во делот на работењето во недела, работењето од дома, флексибилното работно време и работи кои во делот на Законот за работни односи не се предвидени би требало да си дојдат на свое место, држава како Македонија која има потреба за висок-економски раст не може да си дозволи луксуз да работи многу малку, работи неефикасно, да работната сила не е едуцирана. Значи за нас тајната е во враќањето во фокусот кон професионален и ефикасен вработен, кој ќе генерира додадена вредност, би било добро да тоа бидат високите технологии, заради тоа што тие очигледно генерираат голема додадена вредност, вели Пешев.

Тој посочи дека партиите во време на предизборието имаа средби со бизнис секторот и тоа презентирајќи им ги нацрт Програмите во делот на економијата.

-Мислам дека индустријата, бизнисот, економијата се елементите без кои ниту една држава не може да функционира, не постои држава перпетум мобиле, во која вие ќе запослувате администрација, а ќе немате индустрија  која ќе може тоа да го испорача, вели Пешев.

Тој се надева дека она што беше ветено од политичките партии кои ќе ја формираат владата ќе го испорачаат и во пракса за реалниот сектор. вдј/дма/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан