Пешевски: Можевме да победиме, но ремито е најреален исход
- Пивотот на македонската ракометна репрезентација Жарко Пешевски, кој издржа безброј дуели со корпулентните унгарски играчи е задоволен од прикажаната игра на „црвено-жолтите“ на првиот свој настап на Мундијалот 2025.

Вараждин, 16 јануари 2025 (МИА) – Пивотот на македонската ракометна репрезентација Жарко Пешевски, кој издржа безброј дуели со корпулентните унгарски играчи е задоволен од прикажаната игра на „црвено-жолтите“ на првиот свој настап на Мундијалот 2025.
Македонија синоќа во Вараждин одигра нерешено, 27:27 со фаворитот Унгарија.
-Супер тежок натпревар, откако потешко го започнавме денот по веста за смртта на Александар Јовиќ. Сепак собравме сила да излеземе и изгинеме на теренот. Можевме да победиме, но нерешениот резултат е најреален. Ова нека ни е мотив плус за понатаму. Ќе гледате уште повеќе борба од наша страна и заедно цела Македонија да се радуваме на следните натпревари, порача Пешевски.
Утре од 18 часот македонската селекција ќе се соочи до Холандија во 2. коло од Д-групата. зс/
Фото: МИА