Пешевски го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер
- Македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер, соопшти синоќа актуелниот ракометен првак.

Битола, 21 декември 2024 (МИА) – Македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер, соопшти синоќа актуелниот ракометен првак.
Репрезентативниот кружен напаѓач и еден од капитените на Еурофарм Пелистер се обврза на нов едногодишен договор, со опција и за втора сезона во нашиот дрес.
„По враќањето од Германија, Пешевски пронајде своја нова домашна средина во Битола и задоволство ни е што нашиот проект се совпаѓа со неговиот. На половина година од истекот на стариот договор парафиравме нов, со желба и тој да биде успешен како претходниот“, се наведува во клупското соопштение.
Триесетитригодишниот Пешевски пред две и пол години од Штутгарт се врати во Македонија и потпиша за Еурофарм Пелистер. Покрај овие два клуба настапуваше за скопски Металург и украински Мотор Запорожје. ег
ФОТО: Фејсбук