• вторник, 24 декември 2024

Пешевски: Африканска чума не е заразна за луѓето, потребни се мерки за контрола на болеста

Пешевски: Африканска чума не е заразна за луѓето, потребни се мерки за контрола на болеста

Куманово, 10 јануари 2024 (МИА) - Болеста африканска чума кај свињите не е пренослива на луѓето и кај другите животни, таа се пренесува од диви на домашните свињи и се шири само кај овие животни, велат ветеринарите од Куманово. Станува збор за инфективно заболување. За ветеринарите многу е важно да се едуцираат фармерите, невреме да се преземат мерки и да се контролира болеста да не се шири и да не предизвика економска штета, ниту за одгледувачите, ниту за државата. Ветеринарите велат дека нема отстапувања ниту кај одгледувачите во однос на чувањето, ниту во Агенцијата, но дека е потребна едукација и соработка кај сите за контрола на болеста.

- Болеста е сериозна само за свињите, предизвикува економска штета за фармерите. Во државата таа е присутна од регионот од Делчево од јануари-февруари 2022, пренесена е од дивите свињи кои се главни преносители на болеста. Мерките кои се преземаат во државата сè во согласност со европската легислатива и пракса и се под контрола на европската Агенција за храна и ветеринараство. Болеста е многу пренослива и Европа има проблем за справување со болеста, објаснува ветеринарот, Зоран Пешевски.

Првпат како што објаснива д-р Пешевски на европско тло е  пројавена во Грузија 2007 година, се проширува во Украина, Русија, во 2013 доаѓа на подрачје на ЕУ, Латвија, Литванија Полска, премина и во други земји и оние во нашето соседство.

-И тие земји побогати од нас сè уште ја немаат искоренето болеста. Важно е да се контролира болеста, вели Пешевски.

Симптомите се висока температура, дијареја, нагли се промените и искусните сточари можат да забележат и да ги алармираат матичните ветеринари. Покрај дивите свињи преносители се и луѓето со неодговорно однесување преку облека, обувки.

- Во однос на закопувањето, потребни се јами подлабоки, дезинфекција е потребна. Може да се најде и некоја аномалија во однос на отстранувањето. Сточарите не треба да им одмагаат на Агенцијата, важно е за сите. Државата исплаќа штета за угинатите, важно е да се донесат соодветни мерки и да се почитуваат, вели Пешевски.

Тој напомнува дека и ловџиите добиваат субвенции за заловена диви свињи да оди со писмо и мостри на Факултетот за ветеринарна медицина и да се увиди дали во некое подрачје циркулира болеста. Вакцина нема никаде во светот.

- Едукацијата на сточарите е најважна, дециден е Пешевски.

Одгледувачите треба да се свесни, да не вршат незаконско колење, транспорт. Ако се почитуваат нормите полесно ќе се справат и одгледувачите и државата со болеста. Во кумановско има шест поголеми и триесетина помали фарми.

Во реонот има заштитна зона од три километри и зона под надзор од десет километри, откако неодамна беше откриена болеста во одгледувалиште во Тромеѓа. ам/сст/


Фото: МИА

Остани поврзан