• петок, 27 декември 2024

Пешачко-рекреативна патека од Билјанините извори до Спортско-рекреативниот центар во Охрид

Пешачко-рекреативна патека од Билјанините извори до Спортско-рекреативниот центар во Охрид
Охрид, 17 август 2021 (МИА) – Општина Охрид почна со подготвителните активности за изградба и уредување на пешачко–рекреативна патека што ќе се протега од кај ресторанот „Билјанини извори“ до истоимениот Спортско-рекреативен центар. Патеката е предвидено да има аморфна форма со променлива ширина со цел да се поставува урбана опрема без да се попречи линијата на движење на корисниците. Патеката со своите содржини ќе биде одделена од каналот со зелен појас од висока и ниска вегетација со што се обезбедува безбедност на посетителите. На западната страна е предвидено да има и велосипедска патека, а пристапот на патеката долга 265 метри ќе биде изведен на неколку точки/ Со изградбата и уредувањето на патеката ќе се обезбеди непречена врска помеѓу кејот и комплексот „Билјанини извори“.аб/свс/

Остани поврзан