Пешак потешко повреден на патот Струмица-ГП Ново Село
- Пешакот Ж.Ј. (47) од село Габрово е потешко повреден на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село, кај истоименото село, откако во него удрил автомобил, соопштија денеска од СВР Струмица.
Струмица, 24 септември 2025 (МИА) - Пешакот Ж.Ј. (47) од село Габрово е потешко повреден на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село, кај истоименото село, откако во него удрил автомобил, соопштија денеска од СВР Струмица.
Во соопштението се наведува дека вчера во 13:15 часот во СВР Струмица е пријавено дека, патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.А.(33) од село Зубово удрило во пешакот Ж.Ј.(47) од село Габрово. Во несреќата потешко е повреден пешакот, а повредите се констатирани во Медицинскиот центар Струмица.
На местото на несреќата увид извршила увидна екипа од СВР Струмица.рт/
Фото: МИА архива