• среда, 11 март 2026
Печен карфиол

Печениот карфиол со кашкавал е вкусно и хранливо јадење што може да се послужи како лесен главен оброк или како прилог кон месо. Комбинацијата од мек карфиол, кремаста смеса од јајца и павлака и ароматично сирење создава богато и заситувачко јадење.

 
Состојки:
1 средно голем карфиол
1 лебни трошки
2 лажици масло
3 јајца
150 мл кисела павлака
100 грама рендано сирење со сина мувла
2 лажици брашно
сол и бибер по вкус
малку свеж магдонос
100 грама едамер (или друго жолто сирење, на пример трапист или гауда)
 
Начин на подготовка:

Карфиолот исчистете го и ставете го во поголем сад со вода. Варете го околу 12 минути. Потоа извадете го и изладете го под млаз ладна вода за да ја задржи убавата бела боја. Садот за печење премачкајте го со масло и посипете го со лебни трошки. Изладениот карфиол поделете го на цветчиња и распоредете го во садот. Одделете ги жолчките од белките. Белките изматете ги во цврст снег со малку сол. Жолчките измешајте ги со киселата павлака, додајте го ренданото сирење со сина мувла и брашно. Зачинете со сол, бибер и ситно сечкан магдонос. На крај внимателно измешајте го снегот од белките. Подготвената смеса рамномерно распоредете ја врз карфиолот. Јадењето печете го во претходно загреана рерна околу 25–30 минути на 170 °C. Во меѓувреме изрендајте го едамерот. Кога карфиолот ќе се испече, извадете го од рерна, посипете го со ренданиот кашкавал и вратете го повторно да се пече уште околу 7 минути, додека убаво се запече. Печениот карфиол послужете го топол со свежа салата или како вкусен прилог кон месо.

Фото: Фрипик
 
 

Остани поврзан