• среда, 25 декември 2024

Пехчевската поетеса Габриела Костадинова освои две награди на Меѓународниот книжевен зборник ,,Реч у времену"

Пехчевската поетеса Габриела Костадинова освои две награди на Меѓународниот книжевен зборник ,,Реч у времену

Пехчево, 25 декември 2023 (МИА) - Пехчевската поетеса Габриела Костадинова освои две трети места во рамки на промоцијата на Меѓународниот книжевен зборник ,,Реч у времену" која се одржа во Белград, Србија. Наградите, како што истакна Костадинова, се значајни поради фактот што на настанот учествувале поети и писатели од повеќе земји во светот.

-Викендот во Белград се одржа промоција на Меѓународниот книжевен зборник „Реч у времену" на кој учествуваа поети и писатели ширум светот. Учествував во 3 (три) категории и тоа категорија за најдобар расказ за возрасни, категорија за најдобар расказ за деца за кој освоив 3 (трето) место и категорија Хаику поезија каде освоив 3 (трето) место, информираше Костадинова.

Таа, како што додаде, е редовен учесник на настанот и е една од ретките кои со свој литературен труд се вметнати во самиот зборник.

-Благодарам до жири комисијата, благодарност и до претседателот на Српско уметничко друштво Београд, Неѓо Чича Стојановиќ за доделените награди. Ова ќе биде поттик и понатаму да пишувам и да учествувам на овој реномиран настан, додаде Костадинова.

Претходно, пехчевската поетеса ја освои гран-при наградата на фестивалот „Вапцарови бранувања“ што се одржа во Делчево. вс/

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан