Пет прволигаши сакаат да го ангажираат Шешко
- Пет клуба од Премиер лигата се заинтересирани за трансферот на Бенџамин Шешко од Лајпциг, пренесува „TBR Football“.
Лондон, 5 мај 2025 (МИА) - Пет клуба од Премиер лигата се заинтересирани за трансферот на Бенџамин Шешко од Лајпциг, пренесува „TBR Football“.
За словенечкиот напаѓач заинтересирани се Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер јунајтед и Њукасл.
Арсенал се смета за прв избор на фудбалерот, бидејќи се претпоставува дека Шешко ќе може добро да се вклопи во стратегијата на играта на Микел Артета.
Минатото лето Арсенал му понуди договор на Шешко, но играчот одби и го продолжи договорот со Лајпциг. Сепак, оваа сезона тој изјави дека е подготвен да им се приклучи на „Топчиите“.
Шешко оваа сезона настапи на 43 натпревари на кои постигна 21 гол и шест асистенции. зс/
Фото: ЕПА