• понеделник, 23 декември 2024

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Гринфилд, 23 мај 2024 (МИА) - Пет лица загинаа, а околу 20 се повредени во торнадото што во вторникот го погоди градот Гринфилд во американската сојузна држава Ајова.

Одделот за јавна безбедност во Гринфилд, град со околу 2.000 жители, соопшти дека бројот на повредени е дури и поголем од моментално познатото.

Националната метеоролошка служба го оцени торнадото со ЕФ-3, што значи дека брзината на ветерот била помеѓу 145 и 160 милји на час.

Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани.

Болница беше меѓу оштетените згради во Гринфилд, принудувајќи ги властите да изградат импровизирана болница или да ги испратат повредените во медицински центри на други места.

Гувернерката на Ајова, Ким Рејнолдс, прогласи вонредна состојба поради природната катастрофа во 15 окрузи. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан