• вторник, 23 јули 2024

Пет лица загинаа во дом за стари лица во Дарувар

Пет лица загинаа во дом за стари лица во Дарувар

Загреб, 22 јули 2024 (МИА) - Пет лица загинаа во дом за стари и изнемоштени лица во Дарувар, 130 километри југоисточно од Загреб, јавија хрватските медиуми.

Според нив, маж влегол во домот за стари и изнемоштени лица и почнал да пука во луѓето. Пет лица загинаа на лице место, а на некои се уште им се укажува лекарска помош.

Напаѓачот потоа побегнал, но полицијата набрзо го уапсила во близина на кафуле во градот. Низ градот одекнуваат сирени на служби за итна медицинска помош. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан