• сабота, 31 август 2024

Пет екипи во „лов“ на најтрофејниот фудбалер на Реал

Пет екипи во „лов“ на најтрофејниот фудбалер на Реал
Мадрид, 14 јули 2022 (МИА) – Најтрофејниот фудбалер во историјата на шпанскиот првак Реал Мадрид, Бразилецот Марсело, сè уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата, а на негова адреса пристигнале пет понуди од четири различни лиги. На Марсело ова лето му истече договорот со Кралскиот клуб, во чии редови мина 15 години и освои 25 трофеи. За услугите на Марсело се заинтересирани Милан, Олимпик Марсеј, Фенербахче, Трабзонспор и Реал Ваљадолид, чиј сопственик е неговиот сонародник Роналдо. Еден од најдобрите леви бекови на сите времиња, роден во Рио де Женеиро, одигра во дресот на мадридски Реал 545 натпревари, а за репрезентацијата на Бразил настапи 58 пати. ег/паг/

Остани поврзан