• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Петрушевски: Јон Фрчкоски тврди дека селективна правда е неправда за случајот во Кочани, дали е подготвен да направи тест за утврдување психотропни супстанци?

Петрушевски: Јон Фрчкоски тврди дека селективна правда е неправда за случајот во Кочани,  дали е подготвен да направи тест за утврдување психотропни супстанци?

Скопје, 26 март 2025 

Почитувани,

Со голема шокираност ја примивме информацијата која се појави на социјалните мрежи каде што се гледа дека функционерот и директорот на Центарот за истражување и анализи на СДС, Јон Фрчкоски, користи бели наркотични супстанци.

Не знаеме дали e навистина тоа, но поради јавниот интерес граѓаните заслужуваат одговори.

Инаку Јон Фрчкоски е синче на Љубомир Фрчкоски, поранешен министер во владите на СДС, несуден дипломат и еден од татковците на криминалната транзиција. Неговото синче пак, Јон Фрчкоски, на прес-конференции тврдеше дека селективна правда е неправда за случајот во Кочани. Бидејќи тоа е точна констатација со која се согласуваме, јавно го прашуваме Јон Фрчкоски дали тоа што користи е наркотична супстанца кокаин?

Ако тоа е точно, дали Јон Фрчкоски се дрогира во просториите на СДС или во просториите на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, каде Јон беше помошник директор?

Дали Јон Фрчкоски е подготвен да направи јавен нарко тест за утврдување на психотропни супстанци?

Кој е ставот на Венко Филипче кој го поставил Јон на ваква позиција?

Сведочиме на време во кое размазените синчиња на комунистичката црвена буржоазија, која го создаде трулиот и корумпиран систем, сега без ронка срам и образ злоупотребуваат трагедии, еве што прават во слободно време.

Бидејќи селективна правда е неправда, не сакаме да веруваме дека Јон Фрчкоски и Венко Филипче ќе дадат половични одговори. Јавноста бара одговори.

https://www.youtube.com/watch?v=A0YLKXUpDJc

https://limewire.com/d/OFXvl#ZuPsun80o1

 

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан